ЕУ воведе санкции на луксуз за сиријскиот режим

Европскиот совет денеска забрани извоз на луксузна стока наменета за сиријскиот режим. Комплетниот список на забранетите производи ќе биде објавен утре, но во денешното соопштение објавено во Брисел е наведено дека меѓу нив се и кавиајрот, цигарите и чевлите поскапи од 600 евра, како и бисери и автомобили над 25 илјади евра. На списокот се и предмети како гас маски и одредени хемикалии.