Милошоски со писмо до парламентите на земјите-членки на ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во кое ги информира за Декларацијата и препораките на европските и македонските парламентарци, во врска со процесот на европските интеграции.
Како што соопшти собраниската прес-служба, во писмото се подвлекува дека на својот 10. состанок, Мешовитиот парламентарен комитет ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 во однос на Времената спогодба и констатираше дека таа претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.