Русија негира дека продава нови хеликоптери на Сирија

Русија повторно ги негира обвинувањата дека Москва му продала хеликоптери на сирискиот режим кои се користат во нападите врз опозоционите борци. Министерството за внатрешни соопшти дека на Сирија им се продадени такви хеликоптери пред многу години, а дека сега само се вршат поправки на истите. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Русија го снабдува со напаѓачки хеликоптери сирискиот режим, а потоа портпаролот Викторија Нуланд прецизира дека хеликоптерите се репарираат во Русија па се вракаат во Сирија. Без разлика дали се нови или репарирани, тие се користат против сириските цивили, изјави Нуланд.