Кина ја испраќа првата жена во вселената

China -- A view of Tiangong 1 module

Воздухопловниот мајор Лиу Јанг е првата жена од Кина која ке биде дел од мисијата на ракетата Шензоу 9. Таа ќе им се придружи на двајцата астронаути на патот до модулот Тиангонг 1.Тоа е првата кинеска вселенска лабараторија која е сместена во вселената во 2011 година.
Според државните кинески медиуми, двајца од тројацата астронаути ќе бидат во модулот 10 дена за да тестираат животни системи за подршка, додека третиот ќе остане во капсулата.
Кина, по САД и Русија, ќе стане трета земја во светот која во вселената испратила жена.