Повеќе од еден век затвор за американски бизнисмен-измамник

Бизнисменот Ален Стенфорд.

Бизнисмен од Тексас е осуден на 110 години затвор затоа што мамел инвеститори и ги оштетил за повеќе од 7 милијарди долари во последните 20 години. Ален Стенфорд се сметаше за еден од најбогатите луѓе во САД, со проценето богатство од над две милијарди долари, но сепак голем дел од богатството било стекнато со измама. Обвинителството побарало Стенфорд да биде осуден на 230 години затвор, но судијата сепак одлучи да го осуди на половина од тоа. Стенфорд негираше дека учествувал во пирамидалната измама, велејќи дека тој е само жртвено јагне.