Можност за нови американски санкции против Белорусија?

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ги означи како „национална тревога“ билатералните односи меѓу Соединетите американски држави и Белорусија, поради тоа што, како што изјави лидерот, постапките на одредени белоруски државни службеници претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД. Со декларацијата му се овозможува на официјален Вашингтон да одредува нови санкции за поединци и компании во источноевропската земја.