Аунг Су Ки: Да се почитува демократијата во Мјанмар

Мјанмарската про-демократска лидерка Аунг Су Ки апелираше до инвеститорите да го почитуваат демократскиот процес во Мјанмар. Лидерката на опозицијата во текот на посетата на Женева изјави дека на нејзината земја и е потребен развој усогласен со демократските процеси, во услови кога Мјанмар излегува од децениско воено владеење. Станува збор за прва посета на Су Ки во Европа по повеќе од 20 години. Една од главните станици на нејзината двонеделна турнеја низ Европа, ќе биде Осло, каде што конечно ќе ја прими Нобеловата награда за мир, која и е доделена во 1991 година. Су Ки долго време беше во домашен противор за време на воениот режим во Мјанмар.