Убиен зетот на претседателот на Таџикастан

Колмумин Сафаров

Полицијата во Таџикистан соопшти дека во Душанбе бил убиен Колмумин Сафаров, зет на претседателот Емомали Рахмон.Тој бил застрелан со неколку куршуми во глава кога се враќал дома од џамија. Сафаров, сопруг на сестрата на претседателот Рахмон, не бил инволвиран во големи бизниси за разлика од другите роднини на претседателот кои ги контролираат големите таџикистански компании и банки.