Нокиа отпушта над 20.000 работници

Финската компанија Нокиа соопшти дека планира да отпушти уште 10.000 работници до крајот на 2013-та година, откако во изминатата година веќе скрати околу 14.000 работни места. Во денешното соопштение, извршниот директор на Нокиа, Стефан Елоп наведува дека кратењето на работните места е со цел компанијата да биде долгорочно конкурентна. На крајот од 2011-та година во Нокиа работеле 134.000 луѓе.