Кина не подржува нови мерки против Сирија

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека нема да подржи нови притисоци или санкции во врска со кризата во Сирија. На редовниот брифинг во Пекинг, претставник на министерството изјави дека Кина ги подржува напорите за мир на специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Кофи Анан. Франција најави дека ќе предложи спроведување на зона забранета за летови над Сирија.