Бен Али осуден во отсуство на доживотна казна затвор

Соборениот претседател на Тунис, Зине ал-Абидине Бен Али.

Судот во Тунис, вчера го осуди соборениот претседател Зине ал-Абидине Бен Али на доживотна казна затвор поради неговата улога во убиствата на демонстрантите кои ја започнаа „ Арапската пролет“. За истото дело Судот на 12 години казна затвор го осуди и министер за внатрешни работи за време на владеењето на Бен Али, а шефот за безбедност го прогласи за невин.
Бен Али е во егзил во Саудиска Арабија и веројатно нема да биде екстрадиран наскоро. Вчера и Воениот суд во Тунис го осуди Бен Али во отсуство на казна затвор од 20 години за различни обвиненија, вклучувајќи поттикнување на убиство. Бен Али се соочува со безброј обвиненија и веќе е осуден на повеќе од 66 години во затвор за голем број на други обвиненија, вклучувајќи трговија со дрога и проневера на пари.