ОПЕК ќе разговара за намалување на производството на нафта

Лого на ОПЕК

Министрите од земјите членки на ОПЕК денеска во Виена ќе дискутираат за тоа дали да го намалат производството на нафта. Цените на нафтата падна, и сега се движат под 100 долари за барел, откако во март достигнаа 130 долари. Аналитичарите велат дека падот на цената делумно се должи на екстра производство од Саудиска Арабија. Тамошните производители се решија на поголемо производство за да ја надоместат загубата што настана поради американските санкции против Иран поврзани со неговата нуклеарна програма.