Руската полиција втор ден испрашува опозиционери

Руската полиција ги повикала на разговор опозиционерите Алексеи Навални и Сергеи Удалтсов, еден ден по протестот на десетици илјади лица во Москва против претседателот Владимир Путин. Властите соопштија дека опозиционерите се испрашувани за судирите меѓу демонстрантите и полицијата на демонстрациите на шести мај. Навални рече дека за време на разговорот одбил да остави пример од неговиот ракопис. Тој не присуствуваше на вчерашниот марш поради тоа што беше задржан на разговор во полициска станица во главниот град на Русија.