Баросо: Нема разбирање за кризата во Еврозоната

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо рече дека финансиската криза во Еврозоната не е целосно разбрана. Баросо во Стралзбург рече дека кризата претставува „системски проблем“ и дополни дека треба да се артикулира визија и конкретен пат. Претседателот забележа дека и покрај тоа што владите превземаат соодветни чекори за реформи, нивните напори може да бидат под негативно влијание од настани вон од нивната контрола. Забелешките на Баросо следат по одобрувањето на пакет помош од 100 милијарди евра за банкарскиот сектор во Шпанија.