Ситуацијата во Сирија се влошува

Меѓународниот Црвен Крст соопшти дека ситуацијата во некои делови на Сирија се влошува поради интензивирањето на оружените судири. Претставник на оваа организација изјави дека стотици луѓе побегнале деновиве од градот Хомс, упориште на бунтовниците, кој беше цел на нападите на владините сили.
Во меѓувреме, набљудувачи на ОН биле истерани од разбеснета толпа народ во градот Ал Хафа. Три нивни возила биле запалени, но притоа никој не бил повреден.