Полициски час во Тунис

Во осум региони на Тунис, меѓу кои и во главниот град, е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 часот наутро. Оваа мерка е преземена по дводневните насилства во кои учествуваа ултра-радикалните муслимани салафисти. Тие во неколку градови нападнаа полициски станици, седишта на синдикати, политички партии и зграда на суд, во знак на револт поради изложба во главниот град Тунис, каде шти имало дела кои според нив го навредувале Исламот.
Во судирите се повредени околу 100 лица, меѓу кои 65 полицајци, а биле уапсени повеќе од 160 луѓе.