Украина: Судење на тројца осомничени за силување

Почна судењето на тројцата осомничени за силување и убиство на тинејџерка во Миколаив, Украина. Судијката одлучи процесот да биде јавен и да не се одржува зад затворени врати. Осумнаесет годишната Оксана Макар почина во болница три дена откако била силувана, инцидент кој предизвика негодување на украинската јавност и револт по првичната одлука на полицијата да ослободи двајца осомничени синови на поранешни функционери. Тројцата осомничени сега се уапсени и соочени со обвиненија за силувањее. Еден од осомничените се товари за убиство.