Хејг: Не се планира воена интервенција во Сирија

Вилјам Хејг во Исламбад

Британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг изјави дека западните нации ќе бараат мирно решение за сиријскиот конфликт и дека не се размислува за странска воена интервенција во земјата, како што беше случај со Либија. Хејг ја спореди кризата во Сирија со конфликтот на Балканот во 90-тите години. Хејг ја осуди употребата на тешка артилерија од страна на сиријските сили против милитанти и цивили.