Педесетина милитанти убиени во Авганистан

Авганистанската полиција денеска соопшти дека 50 осомничени милитанти биле убиени во понеделникот во таканаречени операции за чистење. Според Министерството за внатрешни работи, војската и силите на НАТО убиле 30 милитанти во провинциите Баглан, Логар, Газни, Кандахар и Забул. Полицајците лоцирале и деактивирале бомби поставени покрај пат како и мотор со експлозив во провинциите Нимроз и Багдиз. Авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јави дека дваесаетмина милитанти биле убиени во провинцијата Хелманд за време на осумчасовна престрелка.