ОН - Режимот на Асад во Сирија убива и мачи деца

Syria -- UN monitors record the testimonies of the survivors of last week's Hula massacre, Houla, 31May2012

Обединетите Нации го ставија режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на листата на влади кои регрутираат, убиваат и мачат деца при воени конфликти.
Во извештајот на ОН се наведува дека жртви се и 9 годишни деца. Извештајот е базиран врз интервјуа на посматрачите на Светската Организација со деца и поранешни војници во Сирија.
Во извештајот се наведува и дека децата биле ставани како жив штит на армиските тенкови во борбите против опозиционите сили.
Во извештајот се критикуваат и опозиционите сили кои ги користеле децата за да разнесуваат вода и лекови при борбите.