Хоџај: Границите на Балканот никој не може да ги смени

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај изјави дека последните изјави на српскиот претседател Томислав Николиќ, даваат многу негативни сигнали за Косово и Балканот, јави МИА.
- Сметам дека политиката на непризнавање на Косово од страна на Србија и негирањето на Косово како соседна земја и рамноправен партнер, ја враќа Србија на идентичната идеологија која произведе војни и етничко чистење на Косово во 1999 година, изјавил Хоџај.

Тој наведе дека и евентуалната поделба на Косово и натаму претставува опасност, додавајќи оти границите на Балканот се поставени и никој не може да ги измени.