Министерот Попоски во посета на Шпанија

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ќе престојува во еднодневна работна посета на Шпанија, каде што ќе има средба со неговиот шпански колега, министерот за надворешни работи и соработка Хосе Мануел Гарсија-Маргајо и Марфил.
Главна тема на разговорите ќе бидат аспирациите за членство во ЕУ и во Северноатлантската Алијанса, при што се очекува да биде пренесено очекувањето на Македонија за силна поддршка од шпанска страна на тој план.