Приведени пратеници на Меѓународниот суд на правдата во Либија

Властите во Либија наводно притвориле четворица пратеници на Меѓународниот суд на правдата поради тоа што се дел од тековна истрага за претпоставена закана на националната безбедност. На четворицата им е одреден 45 дневен притвор откако го посетија синот на Муамар Гадафи кој отслужува затворска казна. Извори од безбедносните сили во земјата велат дека пратениците на меѓународната организација биле приведени откако кај еден од членовите на делегацијата биле пронајдени документи кои се сметаат за сомнителни.