Влошено здравјето на Мубарак во затвор

Се влошува здравствената состојба на поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак, кој отслужува доживотна затворска казна. Надлежните во затворот Тора во близина на Каиро велат дека екс-лидерот морал да биде реанимиран поради тоа што му запрело срцето. Мубарак владееше со Египет три децении пред да отстапи во екот на протестите против неговиот режим. Осумдесет и четири годишниот лидер е осуден за инволвираност во убиствата на демонстранти за време на немирите во земјата.