Седма титула за Надал на Ролан Гарос во Париз

Рафаел Надал

Рафаел Надал го освои Грен Слем турнирирот во Париз Ролан Гарос откако го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето со 3:1. Станува збор за седма рекордна титула на шпанскиот тенисер. Мечот беше прекинат вчера во четвртиот сет со предност од 2:1 во сетови за Надал. Четвртиот одлучувачки сет продолжи денес - Надал го освои со 7:5, со двојна сервис грешка на Ѓоковиќ.