Трудница загина во експлозија на бомба во Авганистан

илустрација

Трудна жена на пат кон породилна клиника загинала во експлозија на бомба поставена покрај пат, соопштија авганистанските власти. Во инцидентот загинале уште четири лица – роднини на трудницата, соопштија од авганистанското Министерство за внатрешни работи. Бомбата, како што велат од министерството, ја поставиле „непријатели на мирот и стабилноста“, термин со кој често се опишуваат талибанските милитанти. Од Обединетите нации тврдат дека талибанците се одговорни за 80 отсто од смртните случаи во Авганистан.