Најавен нов пристап во преговорите меѓу ЕУ и Црна Гора

Александар Пејовиќ

Европската унија ќе примени нов пристап во преговорите со Црна Гора, со тоа што 23 и 24 поглавје ќе се остават отворени до крајот на процесот изјави главниот преговарач на Црна Гора, Александар Андрија Пејовиќ. Во интервју за „Вијести“ тој вели дека причината за ваквата одлука е желбата на Брисел да ја следи состојбата во областа на владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал до крајот на севкупниот преговарачки процес. „Тоа е нов пристап кој подразбира тие две поглавја да се отворат со спроведување акциски планови и спроведувањето да важи се` до крајот на преговорите“ изјави Пејовиќ.