Лавров во среда во посета на Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се очекува да го посети Иран во среда на разговори за повеќе прашања, меѓу кои и за иранската нуклеарна програма. Според руското министерство за надворешни работи, на агендата се и случувањата на Блискиот Исток и во Северна Африка и посебно ситуацијата во Сирија. На оваа посета се гледа и како на подготовка на состанокот на Иран со претседаници на 6-те голмеи сили, кој е закажан за 18-ти и 19-ти, овој месец во Москва.