Раст на берзите по веста за спас на банките во Шпанија

Азијските берзи денеска во позитива, расте цената на нафтата, а се зголемува вредноста на еврото како реакција на одлуката на Европската Унија да и се одобрат 100 милијарди евра на Шпанија за спас на банките. Овој договор го поздравија и Соединетите Држави и Меѓународниот монетарен фонд. Шпанија е 4-тата земја од евро-зоната, по Грција, Ирска и Португалија, која побара финансиска помош.