Квашњевски и Кокс набљудувачи на судењето против Тимошенко

Поранешниот полски претседател Александар Квашњевски и поранешниот претседател на Европскиот парламент Пат Кокс пристигнаа во Украина за да го следат судењето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
Квашњевски и Кокс беа назначени како набљудувачи во постапката и доаѓаат по европските критики за седумгодишната затворска казна за Тимошенко поради злоупотреба на службената должност.
Украинскиот премиер Микола Азаров изјави дека неговата земја е отворена за "непристрасно набљудување" на 26-те жалби во случајот Тимошенко.
Контроверзиите околу Тимошенко предизвикаа владини претставници на неколку европски земји да ги бојкотираат натпреварите во европското фудбалско првенство кое се одржува во Украина.