Четири мртви, десет повредени во бомбашки напади во Нигерија

Најмалку четири лица загинале во два одвоени бомбашки напади во централниот дел на Нигерија, а повеќе од десет се повредени. Првиот напад го извршил возач бомбаш самоубиец кој го активирал експлозивот пред црква во местото Џош, во северозападна Нигерија. Иако никој не ја презел одговорноста се претпоставува дека зад нападите стојат радикални исламисти од сектата Боко Харам. Градот Џош се наоѓа на границата помеѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.