Поранешен американски командант обвинет за бигамија

Поранешен командант на Армијата на Соединетите Држави кој служел во Ирак и Авганистан се суди за бигамија. Полковник Џејмс Џонсон се соочува со шест обвиненија врзани за неговата наводна љубовна врска со жена од Ирак со која се сретнал се сретна додека служел во таа земја. Џонсон ги користел службените возила за посета на таа жена, а откако емигрирала во Холандија, потрошил 80.000 долари за телефонска сметка од служебениот мобилен. Двајцата наводно се земале додека Џонсон бил уште во брак со неговата прва сопруга. Џонсон, кој минатата година беше отстранет од негова команда на 173-та воздушнодесантна бригада, се изјасни за виновен за повеќето од обвиненијата за време на првиот ден од неговото судење во Германија. Тој се соочува со казна од повеќе години во затвор и отпуст ако биде осуден.