Чилеанската полиција ги растера демонстрантите во Сантјаго

Полицијата во Чиле употреби солзавец и водени топови за да ги растера стотиците демонстранти кои протестираа во Сантјаго, на премиерата на документарниот филм во чест на диктаторот Аугусто Пиноче. Филмот, кој го отсликува воениот лидер како национален херој кој ја спасил јужноамериканската држава од комунизмот, беше дел од еден настан спроведен од страна на лојалните фанови на Пиноче и претставуваше најголемо шоу за поддршка на контроверзниот генерал по неговата смрт во 2006 година.
Пиноче владееше со земјата 17 години по што беше соборен од страна на демократски избраната влада на претседателот Салвадор Аљенде.
Се верува дека повеќе од 40.000 луѓе се убиени, мачени, или затворени за време на неговиот режим.