Партиски препукувања за минати постигнувања

Дочекавме Бранко Црвенковски да се фали со туѓи проекти, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. „Вчера СДСМ објави дека тие го изградиле автопатот Скопје – Тетово? Прво не знаевме дали тоа е некоја шега, и како да одговориме на тоа, но подоцна видовме дека тие се мртви сериозни и дека навистина сакаат да не убедат во тоа“ рече Трајановски. Тој додаде дека не им е лесно на социјалдемократите да ја правдаат неуспешна политичка кариера на нивниот лидер, кој, според него, нема ниту еден проект зад себе. „По логиката на владејачката партија излегува дека тие ја изградиле и јадранската магистрала. Е како е можно првенците на ВМРО ДПМНЕ да си припишуваат на себе се’, а за најкриминалните македонски приватизации како ОКТА, Телеком, НПК, Фесал 2-аранжманот, се однесуваат како да дошле во Македонија од друга планета?“, стои во писмената реакција на СДСМ, како одговор на прес конференцијата на Трајановски. Според опозицијата, актуелниот скопски градоначалник ќе остане запаметен по огромната пералница на пари “Скопје 2014“ која досега чини 350 милиони евра, или прокоцка 220 илјади работни места.