Режимот на Асад е на стаклени нозе, тврди сиријската опозиција

Хомс, деновиве

Новиот шеф на главната сиријска опозициска коалиција вели дека режимот на претседателот Башар Ал Асад стои на стаклени нозе и дека лидерот ја изгубил контролата во неколку градови во Сирија. Абделбасет Сида ја даде изјавата неколку часа по неговото назначување за лидер на Сиријскиот национален совет. Групата базирана во Истамбул е составена од седум опозициски партии кои се залагаат за ставање крај на владеењето на Асад на легален начин. Сида дополни дека бројните масакри и ракетни напади во Сирија укажуваат на слабеење на режимот на шефот на државата. Инаку Сида доаѓа на местото на академик Бурхан Галиун, кој претседаваше со советот од неговото формирање во 2011 година.