Парламентарни избори во Франција

Жителите на Франција денеска ќе гласаат на парламентарните избори од кои ќе зависи подршката за иницијативата на новоизбраниот претседател Франсоа Оланд за воведеување на даноци за богатите со кои ќе се подобруваат работните услови за припадниците на средната класа. Оланд беше соочен со конзервативно мнозинство во францускиот законодавен дом. Предизборните анкети предвидуваат дека социјалистите може да освојат мнозинство места во парламентот доколку коалицираат со зелените и други партнери.