Принцот Филип излезе од болница

Британскиот принц Филип излезе од болница, пред 91 роденден кој ќе го прослави утре, пренесуваат светските агенции. Мажот на британската кралица Елизабета Втора им се заблагодарил на вработените во болницата во која помина пет дена поради уринарна инфекција. Неговата сопруга од 2 до 5 јуни го прослави дијамантскиот јубилеј, односно 60 годишнината од стапнувањето на тронот.