Почина најстарата жена во Европа

Marie-Therese Bardet

Најстарата жена во Европа, Мари-Тереза Бардет почина на помалку од една недела по прославата на нејзиниот 114 роденден. Агенциите јавуваат дека таа починала вчера во пензионерски дом во западното село Понтшато, во Нант, Франција.
Бардет има две деца, седум внуци, 15 правнуци и шест пра-пра внуци.
Најстарата позната личност е Бес Купер од Соединетите Држави која е моментално 115 години.