Вујановиќ го условува отворањето амбасада во Косово

Филип Вујановиќ

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјави дека нема да го потпише указот за размена на амбасадори со Приштина, се додека косовската Влада не им признае статус на национално малцинство на Црногорците кои живеат на Косово.
Црногорската Влада минатиот четврток донесе одлука за отворање амбасада во Косово, оценувајќи при тоа дека на тој начин ќе се создадатат услови за понатамошно унапредување на соработката во сите области.
Одлуката веднаш беше поздравена од косовските власти.
Но, и покај тоа, црногорскиот претседател, како што пренесува порталот „Телеграфи“, изјавил дека одлуката на Владата за отворање амбасада во Приштина е добра и потребна, но оти останува на претходниот став дека „нема да има размена на амбасадори се додека не се реши статусот на Црногорците на Косово“.