Белоруското министерство за надворешни работи изрази жалење од одлуката на седум европски земји да им се придружат на санкциите на Европската унија против Белорусија. До ова дојде откако шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон објави дека Македонија, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Србија, Хрватска и Црна Гора им се приклучија на санкциите чија цел е поголем притисок врз режимот на претседателот Александар Лукашенко.