Преставничкиот дом на САД со ист буџет

Џон Бонер

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера изгласа да не го менува сопствениот буџет и покрај препорачаните кратења. Претставничкиот дом кој е под контрола на Републиканската партија одобри административниот буџет да остане како и досега односно 1,23 милијарди долари. Спикерот Џон Бонер одлуката ја образложи со тоа што во 2010 и 2011 година буџетот бил скратен за над 10 насто. Претседателот Барак Обама се закани дека ќе стави вето на секој закон што не ги почитува ограничувањата на трошоците договорени лани.