Во Авганистан убиени 4 војници на НАТО

НАТО соопшти дека четворица странски војници биле убиени во денешниот напад на бунтовници во источниот дел на Авганистан. Во соопштението на Алијансата не се даваат детали за нападот, ниту пак податоци за националноста на војниците. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.