Нов напад на сиријските војници

Најмалку 17 луѓе загинале, меѓу нив 9 жени и 3 деца, во текот на изминатата ноќ кога сиријските војници го нападнале градот Дера на југот на земјата, соопштија сиријски активисти за човекови права чие седиште е во Лондон. Градот Дера се смета за едно од главните упоришта на бунтовниците против режимот на претседателот Башар ал Асад. Во вчрашните судири во Сирија, според активстите, биле убиени 68 луѓе, главно цивили.