Собрание на Паневропската унија во Стразбур

претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на Генералното собрание на Паневропската унија во Стразбур, една од најстарите паневропски организации, која годинава ја одбележува 90-годишнината од основањето. Покрај министерот Никола Попоски на Генералното собрание ќе учествуваат и повеќе познати и исткнати европски политичари, меѓу нив и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Паневропската унија повеќе пати јавно и отворено и изразила поддршка на Македонија во нејзините евроинтегративни процеси.