Средношколците полагаат државна матура

Учениците од гимназиско, средно уметничко и средно стручно образование со четиригодишно траење, денеска и на 12 јуни ќе ги полагаат екстерните испити од државната матура во јунскиот испитен рок. За полагање државна матура се пријавени 19.052 ученици во 97 јавни и седум приватни средни училишта. Полагањето ќе го следат 230 набљудувачи и 2.000 тестатори. Годинава постои тенденција за избор на странски јазик на сметка на математика. Бројот на пријавени за полагање математика е намален за 20 проценти во однос на минатата година. Прелиминарните резултати од екстерните испити од јунскиот испитен рок на државната матура ќе бидат објавени најдоцна до 12 јули.