Во Русија стапи во сила законот против протести

Новиот закон со кој драматично се зголемуваат казните за луѓето кои ќе учествуваат на неодобрени протести денеска стапи во сила откако вчера го потпиша претседателот Владимир Путин. Според законот кој деновиве беше одобрен од двата дома на рускиот парламент, учесниците можат да добијат казна од 9 илјади долари.