Обама со апел до Европа да се справи со финансиската криза

Американскиот претседател Барак Обама ги повика лидерите на Европската Унија да превземат јасна акција за справување со финансиската криза во евро-зоната. Зборувајки во Белата Куќа, Обама се заложи за финансиска инјекција во слабите европски банки и унифицирани буџетски и банкарски политики. Обама оцени дека европските лидери ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и итната потреба од акција. За Грција, Обама смета дека доколку излезе од евро-зоната, ќе се соочи со уште полоша ситуација. Рецесијата во Европа ќе ја погоди и американската економија, рече Обама, повикувајки го Конгресот да размисли за прифаќање на неговиот план од 2011-та година за отворање нови работни места.