Претседателот Иванов ќе има средба со Николиќ, но не му оди на инаугурација

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов нема да присуствува на инагурацијата на новиот претседател на Република Србија, Томислав Николиќ закажана за в понеделник во Белград.
Кабинетот на македонскиот претседател информира дека Иванов наредната недела ќе учествува на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград, при што се очекува да има прва билатерална средба со неговиот српски колега Николиќ.