Русија не го подржува повикот за оставка на режимот во Сирија

Соединетите Држави не успеале да ја убедат Русија да го промени ставот во врска со кризата во Сирија. По состанокот на американскиот пратеник за Сирија Фредерик Хоф со руски дипломати во Москва, Кремљ соопшти дека била постигната согласност за меѓународна подршка на мировниот план на Кофи Анан. Меѓутоа, Русија не го подржува планот со кој се бара и оставка од режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад. Во меѓувреме, опозициони активисти соопштија дека во две експлозии во градовите Дамаск и Идлиб биле убиени 7 лица, а нови борби меѓу владините сили и бунтовниците имало во провинцијата Хомс.