Двајца бугарски офицери уапсени поради кражба на ракети

Arhiva

Двајца бугарски воени офицери уапсени се денеска поради сомневањето дека од својата база во близина на источниот град Бургас украле 103 ракети воздух-земја, соопштија извори на военото обвинителство.
Украдените ракети пронајдени се синоќа во еден камион за време на рутинска полициска контрола.
Уапсени се еден полковник и еден мајор од воената база во Безмер, во околината на Бургас, а ако се докаже нивната вина би можеле да бидат осудени до 15 години затвор.
Претставник на бугарското МВР Калин Георгиев изјави дека иследниците се обидуваат да откријат дали двајцата офицери се дел од некоја криминална група, додавајќи дека не се верува оти овој инцидент има врска со тероризам.